Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Комедијата „Несфатената цивилизација“ во сабота пред охридската публика

Охрид, 11. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Народниот театар од Охрид во сабота, на 16-ти септември 2023 година од 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе ја одигра претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војнико, во режија на Софија Ристевска- Петрушева.

Во оваа гротескна комедија во два чина играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.

– „Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошкиот идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, вели за претставата режисерката Ристевска- Петрушева.

Билетите се продаваат по цена од 200 денари.

Народниот театар од Охрид во јуни годинава со оваа претстава беше дел од програмата на 57. издание на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука