Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Приведен 59-годишен охриѓанец поради обид за поткуп на полициски службеници по сторен сообраќаен прекршок

Охрид, 11. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти септември 2023 година, во 19:35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 59-годишно лице од Охрид.

– Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука