Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Странски туристи ги забавуваат гостите на Градскиот кеј во Охрид (Видео)

Охрид, 12. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Група странски туристи деновиве со организирана танцова точка ги забавуваат гостите на Градскиот кеј во Охрид.

Попладнево тие беа вистинска атракција на кејот во Охрид, а бројните туристи ги наградија со аплауз и скромна донација.

Само неколку метри натаму, бенд од три члена во сличен состав исполнуваше музика од нивната матична земја.

Полека, но сигурно Охрид зад себе ја остава една од поуспешните сезони во текот на последните години.

Според интернет порталот accuweather.com, специјализиран за следење на временската прогноза, во Охрид во септември не очекува релативно топло време, особено во текот на првата половина на месецот, што секако ќе придонесе за продолжување на сезоната оваа година. Водата е се’ уште топла и бројните гости, но и охриѓани, уживаат во убавините на езерото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука