Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Затоа што во Охрид секогаш се слушала најдобрата музика: Уживајте во комплетниот настап на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ на Ohrid Jazz Festival 2023

Охрид, 12. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ој, Јано Јано, Билјана платно белеше, Ој ти момче охриѓанче, Елено ќерко, Лажи Вере…

Ова се само дел од песните кои беа исполнети на скоро час и половина долгиот настап на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ на 31-ви август оваа година, како дел од првата вечер на Ohrid Jazz Festival 2023.

Заедно со Горан Папаз на саксофон и Танче Гроздановски на гитара, на сцената беа и Ратко Даутовски – перкусии, Арбен Бени Бајрам на виолина, Христијан Томевски – гитара, Филип Михајлоски – канон, Ристе Трајаноски – бас гитара, Гоце Чолески – тапани, Никола Јосифоски – пијано и Јован Поп-Стефанија на хармоника.

Погледнете го во целост ова врвно музичко уживање, затоа што во Охрид секогаш се слушала најдобрата музика.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука