Забава Избор

SUPER Fresh music: Natalie Jane – Do or Die

Охрид, 27. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младата музичарка и кантавторка Natalie Jane на социјалните мрежи неодамна го претстави новиот сингл насловен „Do or Die“, што беше испочитувано од неверојатни 20 милиони следачи.

Долгоочекуваниот сингл е веќе тука и според сите релевантни извори станува збор за моќна љубовна песна напишана од Natalie со помош на Andrea Rossario и Joe London.

– Песната зборува за чувството што го добивате кога вистински сакате некого. Кога си лудо заљубен, ништо не може да ти застане на патот, вели Natalie.

Уште од најраните средношколски денови, таа ја открива во себе големата љубов кон пишувањето текстови, додека нејзиниот автентичен вокал почнува да се развива се повеќе и повеќе.

За краток период, 19-годишната музичарка успеа да изгради свој уникатен музички израз, кој дефинитивно докажува дека таа е уметник за кој ќе слушаме многу во иднина.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука