Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Петар Маркоски освои награда за најдобар интернационален музичар на Murex d’Or наградите во Либан

Охрид, 18. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Петар Маркоски ја освои наградата за најдобар интернационален музичар за 2023 година на Murex d’Or наградите во Либан.

– Огромна благодарност до Murex d’Or за оваа неверојатна награда – Recognition Award for an International Musician. Ви благодарам на сите ширум светот за вашата огромна љубов и поддршка. Немаше да ја освојам наградата без Вас, порача Петар.

The Murex d’Or, позната и како the Golden Murex award е доделување на награди во Либан, кое го започнаа Zahi и Fadi Helou како признание за достигнувања во уметноста во Либан, регионот, но и целиот свет.

Охридскиот музичар Петар Маркоски стана препознатлив по преработките на виоилина на некои од најпознатите хитови од целиот свет кои имаат огромен број прегледи на социјалните мрежи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука