Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Филмот „Нешто слатко“ на 4-ти и 5-ти октомври ќе се прикажува во Охрид

Охрид, 21. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Романтичната и питката комедија „Нешто слатко“ во режија на Тин Водопивец на 4-ти и 5-ти октомври 2023 година ќе се прикажува во Охрид.

Настапуваат актерските ѕвезди Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова- Периќ во ликот на Каја. Од премиерната проекција во мај 2023 година, во кино салите и на отворено (летни кина), ширум нашата земја се прикажа пред повеќе од 7.000 задоволни гледачи.

Филмот во Охрид ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука