ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Aнти-бугарски говор, етикетирање на Бугарите како „фашисти“, прикажување на Бугарките како „евтини проститутки“, дел од забелешките извештајот на комисијата ЕКРИ

Скопје/Охрид, 20. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Aнти-бугарскиот говор во Република Македонија, етикетирањето на сите Бугари како „фашисти“, но и прикажувањето на Бугарките како „евтини проститутки“ се дел од забелешките кои се наведени во најновиот извештај на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа.

Според ЕКРИ, антибугарското насилство во државата е сериозно загрижувачко, особено по неколкуте напади врз лица кои себеси се идентификуваат како Бугари и врз бугарски културни центри, со оглед на чекорите на властите за укинување на регистрацијата или распуштање на некои постојни бугарски културни здруженија.

Се наведува и дека бил предизвикан инцидент во клубот „Иван Михајлов“ во Битола од страна на пејач, кој потоа бил ангажиран да настапи на локална прослава. Во извештајот влезе и клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид, односно инцидентот со употреба на огнено оружје.

Во Комисијата, како што се додава во извештајот, се свесни за политичката контроверзност во однос на користењето на името на Иван Михајлов и неговите политички идеи дека Македонците се Бугари и признаваат дека употребата на името Цар Борис Трети е исто така контроверзна и провокативна со оглед на улогата на Бугарите како окупатори на Македонија во Втората светска војна.

ЕКРИ со загриженост забележува дека во март 2023 година Централниот регистар на Република Македонија го одби барањето на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид да го задржи своето име и дека по одлука на министерот за правда и негативно мислење на Комисијата за употреба на имињата, го избриша од регистарот Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. (Крај)

извор: slobodnaevropa.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука