Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Пронајден починат градежен работник на регионалниот пат Охрид-Ресен

Охрид, 24. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти септември 2023 година, во 13:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека кај местото викано „Рашанец“, на регионалниот пат Охрид-Ресен, каде што извршувал градежни работи, бил пронајден починат 47-годишен скопјанец.

– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Известен бил Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука