Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминативе 24 часа во Охрид наврнаа 10 литри на м2 воден талог

Охрид, 25. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 10 литри на метар квадратен воден талог.

– Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна на Попова Шапка 45 литри на метар квадратен, во Тетово 38, Дебар 33, во Крушево осум, а во Скопје еден литар, соопштија од УХМР.

Во Охрид денес се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.

– Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Повеќе врнежи се очекуваат во западните, северните и централните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука