септември 25, 2023

Охрид, 25. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Колку СДСМ се грижи за образованието и каков е нивниот влог во образованието ни кажува фактот дека тие никако не можат да ги реконструираат угостителското училиште „Ванчо Питошески“ и ученичкиот дом за ученииците да почнат настава со физичко присуство и да бидат сместени во домот, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Успеавте само да го направите штаб на СДСМ преку партиските вработувања, а нема ништо од завршувањето, иако уште во ноември 2021 година е започната реконструкцијата на ова државно средно училиште кое е под надлежност на централната власт. Поминаа две недели, до кога раководството ќе ги лаже наставниците, самите ученици и нинвите родители? Зошто учениците сѐ уште не започнале со настава со физичко присуство? Го повикуваме џелатот во образованието, Жаклина Лазаревска и сега да оди и да се слика со ташната и шлемот, па да го видиме на дело нејзиниот влог на уништување. Кога ќе завршат градежните работи за целосна реконструкција на училиштето и ученичкиот дом? До каде е набавката на врвната професионална опрема за практична работа за усовршување на стручноста на учениците? Во училиштето владее хаос, никако да се заврши поставувањето на енергетско ефикасна фасада, се чека и промената на подовите, а за поставувањето сончеви колектори ќе се чека сигурно како и за лимот и кровната конструкција. Неспособноста на кадрите на СДСМ и катастрофалниот влог во образованието се гледа преку зградите на училиштето и домот кои веќе неколку години никако да се завршат, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука