Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во јули во Охрид издадени се 2 одобренија за градба

Охрид, 25.септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во месец јули во Охрид биле издадени 2 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

И во двата случаи инвеститор е физичко лице. Предвидена е градба на 2 станови, со вкупна корисна површина од 413 м². Во анализираниот период во општина Струга се издадени 7, додека во Дебрца не се издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија во јули 2023 година издадени се 280 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 134 се наменети за објекти од високоградба, 89 за објекти од нискоградба и 57 за објекти за реконструкција. Од вкупно 280 објекти, на 139 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 141 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 218 станови, со вкупна корисна површина од 25.615 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука