Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Комедијата „Несфатената цивилизација“ в петок повторно пред охридската публика

Охрид, 25. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Гротескната комедија „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристевска- Петрушева овој петок повторно на репертоарот на Народниот театар од Охрид.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.

– „Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошкиот идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, вели за претставата режисерката Ристевска- Петрушева.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот, а билетите се продаваат по цена од 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука