Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Србинка физички нападнала 42-годишна охриѓанка пред угостителски објект

Охрид, 25. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти септември 2023 година, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 43-годишна жена од Република Србија која се сомничи дека околу 08:00 часот физички нападнала 42-годишна охриѓанка пред угостителски објект во Охрид, во кој работела.

– Таа била задржана во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука