Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен охриѓанец кој се обидел да запали казино на улицата „Абас Емин“

Охрид, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти септември 2023 година, во 20:35 часот на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 39-годишно лице од Охрид.

– Околу 20:20 часот во казино на истата улица тој се однесувал агресивно, истурил бензин и се обидел да предизвика пожар, но бил спречен од вработените и сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука