Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Голем хуманитарен концерт на охридските фолклорни ансамбли за помош на Алпај

Охрид, 28. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани најавуваат организирање на бројни индивидуални и заеднички акции за собирање средства за операција на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид.

Еден од тие настани е и големиот хуманитарен концерт на охридските фолклорни ансамбли за помош на Алпај кој ќе се одржи во сабота на 30-ти септември 2023 година со почеток во 12:00 часот во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.

Ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, ФА „Филиграни“ и КУД „Отекс Фолк“ од Охрид.

– Да ја вратиме насмевката на нашиот сограѓанин Алпај, кој е тешко повреден во собраќајна незгода, избегнувајќи куче на патот. Му предстои тешка и скапа операција, која неговите родители не се во можност да ја обезбедат. Алпај се бори за живот,а ние ке заиграме,запееме и донираме од срце за Алпај. Ве очекуваме, порачуваат организаторите.

Сите хумани луѓе кои живеат надвор од Република Македонија можат да помогнат во собирањето на средства за операција на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид и преку Gofundme.

Опции за донирање:

Телефонски броеви за донации:
– Телеком 070/143-424
– А1 077/143-468

Трансакциска сметка за донации: Ozdizhan Mufti

за Македонија:
270-7000234130-33 Halk Banka

за странство:
IBAN code MK07270700027498188
SWIFT EXPCMK22

Информации за донации можат да се добијат и на телефонот: 076/337-337. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука