Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Четврт уписен рок на УКЛО, слободни места на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Охрид, 30. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Студирајте на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (ФТУ), порачуваат од факултетот и додаваат дека четвртиот уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) ќе се одржи на 2-ри и 3-ти октомври 2023 година.Слободни места:

– Царина и шпедиција: 32 (со школарина)
– Царина и шпедиција (на англиски јазик): 7 (државна квота) – 8 (со школарина)
– Осигурување и менаџмент со ризик: 2 (државна квота) – 25 (со школарина)
– Менаџмент во услужен сектор: 26 (со школарина)
– Туризам: 2 (државна квота) – 28 (со школарина)
– Туризам (на англиски јазик): 8 (државна квота) – 8 (со школарина)
– Гастрономија: 7 (државна квота) – 20 (со школарина)
– Хотелско ресторански менаџмент: 10 (државна квота) – 10 (со школарина)

– Пријавете се online на upisi.uklo.edu.mk, а повеќе информации за процесот на аплицирање можете да добиете ОВДЕ или на телефонот 076/355-501. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука