Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Утрово проблеми во функционирањето на мостот на каналот „Студенчишта“ (Фото/Видео)

Охрид, 2. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утрово имаше проблеми во функционирањето на мостот на каналот „Студенчишта“ во Охрид.

Неофицијално, Супер радио и OhridPress дознаваат дека проблемите биле констатирани при проверката на мостот и дека подвижниот дел од мостот заглавувал во највисоката позиција.

Одговорно лице ги предупредуваше граѓаните кои се рекреираат утрово на пешачката патека во насока да се избегнат евентуални повреди.

Мостот на каналот „Студенчишта“ е изграден пред повеќе од 30 години. Работите ги изведуваше тогашниот гигант ЕМО, а вакви и слични дефекти се случуваат во повеќе наврати годиниве наназад, што уште еднаш ја отвора темата за тоа кој реално треба да го стопанисува овој објект. Претходно, при вакви и слични дефекти интервенирале Хидробиолошкиот завод, Министерството за транспорт и врски, а најчесто индивидуални сопственици на пловни обејкти кои имале потреба од влез и излез на нивните пловила во каналот.

Погледнете како изгледаше во едно друго време.

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука