Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Шаќири: До крајот на неделата сите ученици ќе ги добијат учебниците

Скопје, 2. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека од денеска почнала доставата на учебниците за шесто одделение. До крајот на неделата, како што посочи, очекува сите учебници да се достават, а доколку се јави потреба, ќе побара од економскиот оператор доставата да продолжи и за викенд

.

– Денеска во делот на училиштата има достава на учебници за шесто одделение, која ќе продолжи тековно утре и до крајот на неделата. Очекувам сите учебници да се достават, но, доколку постои потреба, ќе побарам од економскиот оператор, да има достава и во сабота и недела, рече Шаќири во изјава за медиумите по панел дискусијата „Вклучување на медиумската писменост во основното образование – искуства и предизвици“.

Во однос на учебниците во средните училишта, каде учениците се жалат дека учат од оштетени учебници, Шаќири вели дека дел од издавачките куќи кои ги имаат правото на сопственост, побарале пет дена одложување за да може да се обезбедат учебници за сите ученици.

– Секој одобрен учебник доаѓа од Националната комисија за учебници. Доколку постои задоцнување на доставата од страна на МОН, одговорноста е на министерот. Сите учебници што се одобрени, од страна на педагошката служба, веднаш се издадени со договор за нивно печатење. Тоа што за одредени учебници има жалбени постапки, не зависи од министерот, рече Шаќири.

Учебниците за трето и за шесто одделение се по нова наставна програма и не беа доставени до училиштата на стартот на новата учебна година

Тој додаде дека во септември имале доставено повеќе од 80 отсто од учебниците, нагласувајќи дека нема одговорност секаде да интервенира.

Податоците на државната Комсисија за спречување на дискриминација покажува дека од вкупно 126 учебници потребни за сите предмети во основното образование, на почетокот на оваа учебна година Министерството за образование не обезбедило една третина односно 43 учебници. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука