ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

28 години од атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров

Скопје, 3. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска навршуваат 28 години од неуспешниот атентат врз поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата, а загина неговиот возач Александар Спировски. Повреден беше телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба, „Цитроен ами 8“, на 3-ти октомври 1995 година на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.

Киро Глигоров почина на 1-ви јануари 2012 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука