Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Се одржа 33. седница на Советот на Општина Охрид

Охрид, 4. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со педесет и една точка на дневниот ред, во која доминираа одлуките за вклопување на бесправно изградените објекти, денес се одржа 33. седница на Советот на Општина Охрид.

– Најмногу внимание и дискусија советниците посветија на точките кои се однесуваа на работата на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и на одлуките за утврдување на тарифа за водната услуга снабдување со вода за пиење (водоснабдување) на ЈП „Водовод“ Охрид за регулиран период 2024-2026 година и тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Нискоградба“ Охрид за регулиран период 2024-2026 година, информираат од локалната.

Во продолжението на седницата без поголеми дискусии, советниците ги усвоија одлуките од урбанистичката сфера. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука