ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески се искачија на врвот Вихрен во Бугарија за поддршка на лицата со Мултипла склероза

Охрид, 4. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Активистот Жанко ЗШ Голабоски и оваа година со бројни активности во знак на силна поддршка за лицата со Мултипла склероза (МС).

Веќе петта година по ред, во месецот посветен на лицата со МС, Голабоски се искачува на многу врвови.

– Почнавме од Кораб, продолживме со Магаро, Црн Камен на Јабланица, Лако Сигној на Галичица, имавме планинарски марш од 20-на километри со ученици од Гимназија, имавме крводарителска акција, а целиот настан заедно со Мишко Танески го завршивме со искачување на врвот Вихрен во соседна Бугарија. Продолжуваме… Ме прашуваат зошто толку поддршка, активности, дали имате некој во фамилијата со МС? Не, немаме, имам другарка во Скопје со МС и така се сетив во септември да почнме акции, да искачуваме врвови под мотото „Чекориме за лицата со МС“, истакна Голабоски во интервју за Супер радио и OhridPress.

Тој додава дека неговата, но и поддршката на неговото Супер радио трае во текот на целата година.

Супер радио минатата година беше дел од екипата која го адаптираше видеото „Мојата мајка има МС“ на македонски и албански јазик за предизвиците и справувањето со МС. Во рамки на четвртата сезона од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”, благодарение на добрата соработка со Национално здружение за МС – National association for MS ја обработивме Мултипла склерозата кај детската популација.

Инаку Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза четврта година по ред ја спроведува кампањата Септември – месец за подигнување на свеста за Мултипла склероза.

Оваа кампања има за цел преку физичката активност (пешачење, искачување планини, возење велосипед и други активности) да ги анимира лицата со МС и нашите поддржувачи за да се подигне свеста за МС, односно пошироката популација да се запознае со оваа состојба, како и со потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата кои боледуваат од МС. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука