Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Одлични резултати за младите Таеквондисти од клубот „Хва Ранг ИТФ“ на натпреварот „Плевен 2023“ во Бугарија

Охрид, 9. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Таеквон-до клуб „Хва Ранг ИТФ“ од селото Лескоец викендов зеде учество на Таеквон-до ИТФ натпреварот „Плевен 2023“ во градот Плевен, Бугарија за деца до 14 години, на кој имаше само една дисциплина – спаринг-борби.

На натпреварот зедоа учество 21 клуб, со околу 300 натпреварувачи, на кој „Хва Ранг ИТФ“ учествуваше со 5 млади натпреварувачи под водство на Давид Крстески, кој е репрезентативец на М.Т.Т.Ф. и еден од нашите најдобри и најтрофејни натпреварувачи.

– Тој имаше чест да одбере натпреварувачи што ќе не претставуваат, со што покажа уште еден негов квалитет, при што неговите избраници не израдуваа со 1 златен 1 сребрен и 2 бронзени медали, што е повеќе од одличен успех за нашиот клуб. Само да напоменеме дека Бугарската Федерација е една од десет најдобри федерации во светот, со што изобилува со врвни натпреварувачи, но тоа ни дава повеќе мотив да покажеме дека и нашите спортисти можат да се носат рамо до рамо со најдобрите. Иако бевме скептици за овај натпревар , бидејќи нашите млади натпреварувачи го немаат искуството во нивната конкуренција, можеме да се пофалиме дека и во нив имаме потенцијални врвни натпреварувачи, кои ни приредија пријатно изненадување освојувајќи 4 медали, информираат од „Хва Ранг ИТФ“.

Миа Танеска се натпреваруваше во категорија девојчиња 10-11 години + 50 кг, и го освои првото место, а посебно изненадување за сите присутни беше Давид Ристески, кој се натпреваруваше во категоријата машки 10-11 години -55 кг. и иако најнизок во својата категорија, покажа невидена храброст и пожртвуваност, со што доби овации од цела сала, победувајќи во ¼ финале и ½ финале со технички нокаут, додека во финале загуби од многу повисок противник, со што се закити со сребрен медал.

– Стефан Чулчески кој натпреваруваше во категорија машки 10-11 години -55 кг, кој беше во иста категорија со Давид Ристески и, беа најниски во категориите, во ½ финале загуби од шампионот во неговата категорија со што се закити со бронзен медал. Бојана Китаноска натпреваруваше во категорија девојчиња 10-11 години -30 кг, освојувајќи го третото место. Анастасија Трифуноска се натпреваруваше во категорија девојчиња 12-13 години -50 кг, загуби ¼ финале поради негативни поени, и за жал не успеа да се закити со медал, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука