Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Со свечена програма, Општина Охрид ќе го одбележи 11-ти Октомври, Денот на народното востание

Охрид, 9. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со богата и свечена програма, Општина Охрид и годинава ќе го одбележи 11-ти Октомври, Денот на народното востание.

– Програмата започнува во вторник, на 10-ти октомври 2023 година со Свечена седница по повод 11-ти Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ. На седницата која ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12:00 часот, ќе се обрати градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, како и претставник на ОО на Сојузот на борците на Охрид и Дебрца. Предвидена е и културно-уметничка програма, информираат од Општина Охрид.

Во среда, на 11-ти Октомври ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Градскиот парк, пред зградата на Основен суд во Охрид, во училишниот двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и на Градските гробишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука