Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Македонија дозволи за работа добија 685 централи од обновливи извори, доволни за да ги снабдат со енергија Охрид и уште 17 градови со над 160 илјади домаќинства

Скопје/Охрид, 12. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Лиценци за работа во изминатите речиси 2 години добиле вкупно 685 централи од обновливи извори кои имаат инсталирана моќност од 503 МW, информира првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Овој капацитет, вели тој, е доволен да се обезбедат потребите за електрична енергија на домаќинствата од 18 градови од државата.

– Новите централи од обновливи извори што се изградени за 21 месец може да снабдуваат над 160 илјади домаќинства со просечна потрошувачка од 18 градови и тоа Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино, Гевгелија, Велес, Гостивар, Кавадарци, Делчево и Македонска Каменица, рече Бислимоски.

Тој смета дека фотоволтаични централи за кои во изминатите 9 месеци од годинавасе издадени најголем број од лиценците (419) се новиот ’рбет на македонска енергетска независност, која досега се потпираше на јагленот.

– Овие бројки и нови мегавати се потврда дека енергетската транзиција е реалност. Дополнително, во широката слика за да се балансира системот значајно ќе придонесе и изградбата на долгоочекуваниот капацитет ХЕЦ Чебрен – што ќе претставува своевидна батерија, вели Бислимоски.

Лани РКЕ издаде лиценци на 267 централи со инсталирана моќност од 152,2 MW, додека од почетокот на годината 2023 до крајот на септември 419 ФЕЦ се имаат стекнато со лиценци со моќност од 350 MW. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука