Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Хотелите од година во година бележат се’ поголем раст, според biznismreza.mk охридските угостители со значително подобрени финансиски резултати

Скопје/Охрид, 15. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Податоците за зголемен број туристи во државава во чекор ги следат и позитивните финансиски извештаи за работењето на поголем број од хотелите. Гостите, особено странските, најмногу ги посетуваат Скопје и Охрид и согласно длабочината на џебот се одлучуваат за рангот на хотелското сместување.

Според податоците од платформата на biznismreza.mk, поголемиот број од хотелите во 2022 година имале зголемена нето добивка во споредба со онаа од 2021 година, јави порталот lokalno.mk.

Меѓу компаниите чии информации се споделени, највпечатливи се финансиските резултати на хотелот Солун Сервисис ДОО Скопје. Неговата нето добивка во 2022 година изнесувала 28.158.677,оо денари, и е дури за 547,68% поголема од претходната година кога таа била 4.347.606,.оо денари. Зголемен е и процентот на приходите, или 78.241.524,оо денари наспроти претходните 33.040.495,оо денари.

Од охридските компании со позитивни финасиски резултати годината 2022 ја завршиле од „Уникат 2017“ ДОО Охрид кој имал приходи во износ од 101.244.250,оо денари, а нето добивка од 26.594.381,оо денари што е за 36,13% повеќе од претходната година кога имале вкупни приходи од 68.793.528,оо денари,и нето добивка од 19.535.868,оо денари.

Поголеми приходи регистрирале и хотели „Метропол“ АД Охрид (183.181,532,оо) како и нето добивката во износ од 966.804,оо денари. Овој финансиски резултат е многу подобар од оној во 2021 кога годината ја завршиле со минусно салдо од 15.023.020,оо денари. Разликата пред се’ се должи на зголемените приходи кои во 2022 биле дури за 55,16% поголеми, односно изнесувале 183.181.532,оо денари.

Очекувањата се дека позитивните финансиски извештаи на хотелите ќе бидат уште подобри за тековната 2023 година во која имаше значително зголемен број туристи.

Според Државниот завод за статистика, во периодот јануари-август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 22.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.4 %, а кај странските има зголемување за 42.4 %. Бројот на ноќевањата во август 2023 година изнесувал 877 138, од кои 75.2 % се од домашните туристи, а 24.8 % од странските туристи.

Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија бележи една од поуспешните сезони во текот на последните години.

Градоначалникот, д-р Кирил Пецков во неколку наврати изрази задоволство од исполнетоста на градот. Особено радува фактот што задоволителна исполнетост со странски туристи се бележи и во овој есенски период. Минатата година во општинската каса се слеале половина милион евра приход од туристичка такса. Годинава, според параметрите, би требало да се надмине оваа бројка, но сумираните резултати ќе ги имаме кон крајот на годината. (Крај)

извор: lokalno.mk/biznismreza.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука