Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските едриличари од Aquatica Yachting викендов на Меѓународна регата во Србија

Смедерево/Охрид, 15. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрите  едриличари од клубот Aquatica Yachting од Охрид викендов учествуваа на Интернационалната едриличарска регата „Шарлов Куп 2023“ во Смедерево, Србија, во организација на БК „Металац“ од Смедерево.

Aquatica Yachting, кој е еден од најдобрите македонски едриличарски клубови, во Смедерево учествува со пет едриличари во класите Оптимист и Ласер Илка 4. Предводени од тренерот и селекторот на македонската репрезентација Стефан Ставрев, во класата Оптимист ќе настапат Мила Булатовиќ и Гала Булатовиќ, а во класата Ласер Илка 4 во Смедерево ќе настапат Софија Ставрева, Илина Гаџовска и Евгенија Ставрева, сите пет репрезентативки на Македонија во спортско едрење.

На Интернационалната регата во Смедрево учествуваат повеќе од 70 натпреварувачи од Србија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Црна Гора и Република Македонија. (Крај)

извор: екипа.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука