Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на „Железничка“, сообраќајот на еден дел пренасочен (Фото)

Охрид, 15. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи попладнево, нешто по 17:00 часот на булевар „Железничка“ во Охрид.

Според првичните, неофицијални информации, во незгодата која се случи на лентата од влезот во градот од Скопје кон ОЕМУЦ, учествувале најмалку две возила, а сообраќајот на еден дел од булеварот во моментов е пренасочен.

Од СВР Охрид повеќе детали најавија за во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука