Економија Избор ТОП ВЕСТИ

Есенски промоции и попусти во Кармен Бауцентар Охрид

Охрид, 16. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Октомври, месецот на попусти стигнува во Кармен Бауцентар во Охрид.

– На настан кој ке се одржи 17-ти и 18-ти октомври со гордост објавуваме широка понуда на висококвалитетни производи и алатки од светски познатите брендови Dewalt, Stanley и Bosch со попусти до 25%. Ова е вашата прилика да ги обновите или надградите своите алатки со најдоброто на пазарот. Искористете ја распродажбата на избрани парчиња алатки со неверојатни попусти до 45% од брендовите Verto и Graphite. Исто така, во рамките на оваа голема акција, ви нудиме исклучителни попусти на фасадни системи од висококвалитетниот бренд Beckament, како и на системи за сува градба од светски познатиот бренд Knauf. Ова е прилика да го подобрите квалитетот на вашите градежни проекти и да ги искористите нивните перформанси, потенцираат од Кармен Бауцентар.

Не ја пропуштајте специјалната промоција на светски познатите брендови Velux и Soudal, кои ги нудат најновите иновации во областа на градежните материјали.

– Придружете ни се во Кармен Бауцентар Охрид и станете дел од модерното градежништво со ексклузивни понуди од светски реномирани брендови. Нашите стручни тимови се тука да ви помогнат во секој чекор од вашите проекти, додаваат од компанијата.

Повеќе информации на нивниот профил на Facebook. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука