Избор Локална самоуправа

Се поставува нова водоводна линија на крак во населбата „Рача“

Охрид, 16. октовмри 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Водовод“ од Охрид започнаа со изведба на нова водоводна линија на крак во населбата „Рача“.

– Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 164 метри. Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на партерно уредување на крак од улицата „Марко Цепенков“. Се поставуваат бехатон плочки со што се подобруваат условите на жителите од тој дел, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука