Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Прличевци“ во борба против гладта, тридневна хуманитарна акција

Охрид, 16. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до среда учениците, родителите и вработените во ОУ „Григор Прличев“ спроведуваат хуманитарна акција по повод Светскиот ден за борба против гладта.

– Целта е да покажеме хуманост со донирање различни прехранбени производи и средства за хигена. Хуманоста и солидарноста се две сили што човекот го прават човек, затоа нека биде „Од нас – за нас“, порачуваат од училиштето.

Овие денови во училишниот двор, во периодот од 07:30 до 08:00 и од 13:00 до 14:00 часот ќе бидат поставени два штандови за донации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука