Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Свети свештеномаченик Јеротеј

Охрид, 17. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го прославуваат денешниот ден во чест на Светиот свештеномаченик Јеротеј.

Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Јеротеј се јави во Јерусалим и учествуваше во погребот.

Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабошци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Којштo му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука