Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и температура до 16. степени

Охрид, 18. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука