Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Јавна анкета и презентација за Нацрт ДУП за УЗ 2, Дел од УБ 2.3-Опфат 5 КО Охрид 3

Охрид, 17. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ. бр.51/05, 137/07, 24/08, 91/09, 124/10, 18/11, 144/12, 55/13, 163/13, и 42/14) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид објави соопштение за организирање на Јавна анкета и јавна презентација за Нацрт ДУП за УЗ 2, Дел од УБ 2.3-Опфат 5 КО Охрид 3.

Се организира Јавна анкета и јавна презентација за Нацрт ДУП за УЗ 2, Дел од УБ 2.3-Опфат 5 КО Охрид 3, изработен од „Човек и Простор“ ДООЕЛ Охрид со технички број 18 РА/12 од септември 2023 година.

1. Планскиот опфат на Нацрт ДУП за УЗ 2, Дел од УБ 2.3-Опфат 5 КО Охрид 3 со површина од 0.85 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:

– на север, овој простор се граничи со КП бр. 14985 (Средно економско училиште),

– на исток со КП бр. 15541 (Детска градинка „Јасна Ристеска“),

– на југ се граничи со сервисната улица „Димитар Влахов“ и

– на запад со станбената улица „Мите Богоески“.

Јавната анкета ќе трае од 16.10.2023 до 31.10.2023 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид на ден 30.10.2023 година со почеток во 12:00 часот.

Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе биде истакнат во холот на Општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на Општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13:00 до 15:00 часот во просториите на Општина Охрид.

Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука