Забава Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Започнува 38. издание на Макфест, фестивалското знаме ќе го кренат охриѓанецот Пајак и Лара

Охрид, 20. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов и минатогодишните учесници, охриѓанецот Пајак и Лара ќе го кренат фестивалското знаме и ќе го означат почетокот на годинешното, 38-мо издание на реномираниот фестивал Макфест.

Посебната манифестација ќе се одржи денеска пред хотелот „Оаза“ со почеток во 09:00 часот, а триесет и осмото фестивалско издание ќе се случи вечерва и утревечер во Домот на културата во Штип.

Од првата фестивалска вечер на млади надежи, жирито и публиката ќе изберат пет песни, кои ќе бидат изведени утревечер на ревијалната вечер, каде ќе слушнеме вкупно 18 фестивалски рефрени. Освен Владо Јаневски и Ламбе, кој ќе пее во дует со Полина, меѓу учесниците се и: Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Симона Поповска, Таско и Ем Џеј, Бојана Скендеровски, Андријана Јаневска, Зоран Илиев и Боно, Давид Миладинов и групата „Љубојна“, која првпат ќе настапи на фестивал на забавна музика.

Награда ќе има само една, за најслушана песна меѓу два фестивала. Песните ќе бидат ставени на носач на звук, а цедето ќе биде готово до почетокот на фестивалот. Водителската двојка е истата од лани, Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, а ќе има и познати презентери.

Македонска телевизија директно ќе го пренесува фестивалот Макфест на нивната Прва програма, а ќе го емитува и Македонското радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука