Забава Избор

Легендарните The Rolling Stones и официјално го претставија новиот албум „Hackney Diamonds“

Охрид, 20. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најочекуваниот албум на годината конечно е тука – легендарните The Rolling Stones и официјално го претставија „Hackney Diamonds“.

Откако го одбележаа своето големо враќање на музичката сцена со хит-синглот „Angry“ и ги донесоа звуците од рајот до радио станиците со „Sweet Sounds of Heaven“, на кои им се придружија Lady Gaga и Stevie Wonder, Mick, Keith и Ronnie ја раширија целата магија со изданието кое музичката критика веќе го круниса како најдобар рок албум изминатите неколку децении.

The Rolling Stones Hackney Diamonds Review: “A self-aware, historically  mindful party”

Освен во дигитална форма, албумот од денес е глобално достапен и на винил. Содржи 12 песни, меѓу кои посебен впечаток оставаат „Mess It Up“ и „Live By The Sword“, за чија креативна магија придонесе неповторливиот Charlie Watts – покојниот член на групата и легенда на тапаните чиј придонес во музиката на познатиот состав е неизмерен. Песната „Live By The Sword“ беше зачинета со дополнителни бас-ноти од поранешниот басист на бендот Bill Wyman, додека славниот Elton John остави посебен печат со својата виртуозна изведба на пијано, која може да се слушне и на песната „Get Close “. На изненадување на многу слушатели, на песната „Bite My Head Off“ им се придружи никој друг туку сер Paul McCartney, со што конечно се собраа членовите на два од најголемите бендови во историјата на рокот. Музичката продукција на албумот ја потпишува добитникот на Grammy наградата и познатиот уметник Andrew Watts.

Албумот „Hackney Diamonds“ пристигнува по пауза од полни 18 години, односно по објавувањето на „A Bigger Bang“ во 2005 година. The Rolling Stones продолжија да уриваат рекорди со серија распродадени светски турнеи, вклучувајќи ја и јубилејната турнеја „Sixty“, која минатата година ја одбележа шеесетгодишнината од постоењето на бендот и собра речиси четвртина милион од најверните фанови низ Европа. Тие додадоа уште една Grammy награда на нивната полица за награди за изданието од 2016 година „Blue & Lonesome“, кое содржи обработки на blues класики кои помогнаа да се обликува нивниот автентичен звук низ годините.

Rolling Stones Hackney Diamonds review. Striking a new seam of rolled gold

По долга кариера и незаменлив музички каталог зад себе, кој вклучува повеќе од 250 милиони продадени албуми ширум светот, The Rolling Stones сè уште ја поседуваат онаа за нив препознатлива моќ да ја воодушеват публиката, како што правеа кога се појавија на музичката сцена пред 60 години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука