Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Хуманитарна акција „Помислете и на нас“: Помош за социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца

Охрид, 20. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денес започна поделбата на хуманитарните пакети на социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца, кои во рамки на акцијата за Недела на борба против гладта од 16-22 октомври, во организација на Црвен крст Охрид, ги обезбеди Лајонс клубот „Десарети“.

– Традиционалната соработка со хуманите луѓе од оваа општествено одговорна организација, резултираше денес да бидат помогнати со прехрамбени производи и средства за хигиена 30 семејства од Охрид. Хуманитарната акција под мотото „Помислете и на нас“ продолжува и е насочена кон прибирање на доброволни прилози во прехрамбени производи и парични средства од хуманите наши сограѓани и општествено одговорните компании, наменети за набавка и подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. До крајот на оваа недела во поголемите градски маркети се поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи, информираат од Црвен крст Охрид, од каде уште еднаш упатуваат апел до нашите сограѓани, компании, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција и според своите можности дадат придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука