Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Апел за помош на 34-годишниот Томислав Ивановски од Битола

Битола, 21. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во тешка сообраќајна незгода, 34-годишниот Томислав Ивановски од Битола се здоби со тешки повреди на пршлените на грбот и во моментов е парализиран.

– Со надеж за повторно оздравување, Томислав треба да отпатува за Србија на 5-ти јуни, три месеци на роботска невро-рехабилитација. Вашата поддршка и дарежливост се од голема важност, стои во апелот.

Сите хумани луѓе кои се во можност да донираат, истото можат да го сторат на броевите за донации на T-Mobile 143 106 и A1 143 466.

Денарска сметка за донации е 500600021482490, Стопанска Банка а.д. Битола. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука