Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 23. степени

Охрид, 22. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Во следните денови ќе се задржи релативно топло време. Промена на времето се очекува во среда со повремен локален дожд, а во четврток наместа пороен со појава на грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука