Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Следниот викенд Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Охрид

Охрид, 22. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Менса Македонија за прв пат по подолг период ќе организира тестирање на интелигенција во Охрид, во сабота, на 28-ми октомври 2023 година, со почеток во 14:00 часот.

Тестирањето ќе се одржи на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Охрид, а сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат на страната на Facebook која го најавува настанот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука