ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Погледнете го од вистинскиот агол: „Срцето на Охрид“ и понатаму плени со својата убавина

Охрид, 25. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Дрвото, чија крошна креира скоро идеална форма на срце се наоѓа на кеј „Македонија“ и беше еден од главните мотиви ова лето да ја реализираме кампањата „Да го откриеме преубавиот Охрид“, односно „Со љубов од Охрид“.

За нас беше појдовна и дојдовна точка за „од срцето на Охрид да одиме до дел од најубавите локации во градот и околината – со љубов од Охрид“, но и да ги откриеме и темните страни, ѓубрето и се’ останато што неодговорни поединци меѓу нас го фрлаат токму на овие локации.

За таа цел ја искористивме оваа локација, пред која секој ден поминуваат десетици илјади луѓе, но само малкумина ја погледнале од вистинскиот агол.

И оваа кампања беше дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот, државата и пошироко. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука