Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана наменета за продажба кај 29-годишен охриѓанец

Охрид, 25. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

– При претрес во неговото патничко возило, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа марихуана, наменета за натамошна продажба, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука