Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска треба да се одржи рочиште од судскиот процес за случајот Пендиков

Охрид, 26. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска треба да се одржи судското рочиште од процесот што пред Основниот суд во Охрид се води за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид.

Истото минатиот месец беше одложено поради штрајкот на вработените во судската администрација, по што судијата Бојан Мартиноски го закажа за денеска.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика сериоизни тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука