Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Дрвокрадците најчесто „оперираат“ во шумските појаси на Караорман, Петринска планина и Галичица

Охрид, 30. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одделно, но и во соработка со Регионалниот Центар за Гранични работи – Запад, Шумската полиција и ЈП „Национални Шуми“, во континуитет се преземаат мерки со цел сузбивање на нелегалната сеча на огревни дрва на целото подрачје што го покрива и фаќање на лица сторители на кривичните дела „нелегална сеча на дрва“, пустошење шуми“ и „кражба на дрва“, информираат од СВР Охрид.

– Овој вид на криминал најчесто се врши во шумските појаси на планините Караорман, Петринска планина, Галичица поточно во атарот на селата Црвена вода, Скребатно, Ливоишта, Лескоец, Велгошти, Љубаништа, Јабланица, Вишни, Лабуништа, Мали Влај, Франгово, Радолишта. При спроведени заеднички и одделни акциски контроли, во текот на минатата 2022 и првите девет месеци од 2023 година, полициските службеници при СВР Охрид, откриле 35 сторители на овие кривични дела (2022-25, септември 2023-10) и вкупно 235,4 м3 нелегално пресечено дабово и буково огревно дрво (2022-41,3, 2023-194,1 за што, се поднесени вкупно 15 соодветни пријави (2022-08, септември 2023-07). Сторителите, најчесто се државјани на Република Македонија и Република Албанија од кои, еден поголем дел, имаат нерегулиран престој во Република Македонија, потенцираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука