Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Контроли во три сервиси за автомобили во Охрид, одземени шест возила поради сомнение за фалсификат

Охрид, 30. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзедоа шест возила поради сомнение за фалсификат.

– По добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19-ти откомври 2023 година, во три сервиси за коли на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица. Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука