Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Клан М: Вистинска драма во авионот кој во саботата летал на линијата Охрид-Малме

Охрид, 31. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вистинска драма се случила во авион кој во саботата, на 28-ми октомври 2023 година, тргнал од Охрид за Малме, пишува Клан М.

– Според еден од патниците кој раскажува за Клан Македонија, авионот што тргнал од Охрид до Малме во Шведска, слетал во Вроцлав во Полска затоа што на една старица и се слошило, пренесе faktor.mk.

Потоа повторно авионот полетал за Малме и поради проблем со моторот овој пат повторно слетал во Гдањск, Полска.

Според еден од патниците, се појавила паника меѓу сите патници во авионот, кој по многу часови конечно стигнал на вистинската дестинација во Малме, Шведска. (Крај)

извор: Клан М/faktor.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука