Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Тимовите за прва помош при Црвен крст Охрид изминатото лето одговорија на повеќе од сто настани

Охрид, 31. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Тимовите за прва помош при Црвен крст Охрид составени од доктори, парамедици, медицински сестри, возачи и други лица обучени за прва помош и оваа сезона беа на висината на задачата.

– На стотина различни настани во текот на оваа туристичка сезона, тимот за прва помош при Црвен крст Охрид одговори на над 300 пати при што се укажуваше помош на повредени на спортски натпревари, алкохолизирани лица, лица во бессознание, колабирани лица. Нашите тимови одговорија на повикот на бројни настани меѓу кои: настани од „Охридско Лето“ на Антички театар, сите спортски и културни настани во рамките на фестивалот на спортови на вода, едриличарски, кајакарски регати, веслање со суп даски, сите маратони на Охридско Езеро, пливачки митинзи кои се одржуваа на Градскиот базен и други настани, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука