Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Елена Јанеска за само една недела се закити со 2 златни и 2 сребрени медали!

Охрид, 31. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонската традиционална Таеквон-до федерација, со пет натпреварувачи, јуниори 16-17 години, кои се натпреваруваа во дисциплините спаринг (борби) и форми (борба со замислен противник), изминатиов викенд учествуваше на еден од најпрестижните А класа натпревари „Моравиа Опен 2023“ во Острава, Чешка.

Учествуваа повеќе од 500 натпреварувачи од 13 европски земји- Република Македонија, Србија, БиХ, Грција, Хрватска, Словенија, Естонија, Украина, Латвиа, Холандија, Словачка, Полска и Чешка.

– Нашите натпреварувачи освоија 4 медали од кои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени. Најголемиот успех го постигна нашата репрезентативка Елена Јанеска, која овај пат ги победи убедливо и судиите, освојувајќи го првото место во спаринг (борби) + 64 кг. јуниорки 16-17 години, победувајќи ги до тронот претставничките на Холандија, Чешка, Естонија, Чешка. Во форми (борба со замислен противник) за црн појас први дан јуниорки 16-17 години, таа се закити со сребрен медал, победувајќи ги претставничките на Полска, Хрватска и Латвиа. Во финале заслужено изгуби од домашната натпреварувачка. Елена Јанеска само пред една седмица го постигна истиот успех на Меѓународниот Таеквон-до ИТФ А класа натпревар „Србија Опен 2023“ во Нови Сад, Србија, освојувајќи златен медал во спаринг (борби) + 64 кг. јуниорки 16-17 години и сребрен медал во форми (борба со замислен противник) за црн појас први дан јуниорки 16-17 години. Елена која е една од нашите најдобри натпреварувачки, Европска вицешампионка Пореч 2022, оваа година и на Европското првенство во Јесоло, Италија и на Светското првенство во Астана, Казахстан во 1/4 финалните борби за медал, беше оштетена од страна судиите, и затоа на овај натпревар учесвуваше не само да ги победи противничките туку со цел да ги победи и судиите, што и успеа да ги осава немоќни, а со тоа докажа дека е подготвена за врвни достигнувања, информираат од Македонската традиционална Таеквон-до федерација.

Марио Крстески го освои бронзениот медал во форми (борба со замислен противник) за црвен појас јуниори 16-17 години, додека во спаринг (борби) за жал поради повреда во втората борба, мораше да го откаже натамошното натпреварување. Михаил Јоноски освои бронзен медалво форми (борба со замислен противник) за црвен појас јуниори 16-17 години, Давид Крстески во спаринг (борби) во третата негова борба, борбата за медал беше оштетен од страна на судиите во корист на домашниот претставник, додека Владимир Димитриевиќ во спаринг (борби). втората борба ја загуби по негова грешка последните 10 секунди и остана без медал.

Поради повредата од Светското првенство поради која мора уште да се опоравува, Христијана Парулеска, поради нејзиното искуство, учествуваше во улога на тренер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука