Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

СВР Охрид спроведе превентивна активност на тема врсничко насилство во ОУ „Христо Узунов“

Охрид, 1. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од СВР Охрид, денеска во Основното училиште „Христо Узунов“ реализираа превентивна активност на тема врсничко насилство.

Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од седмо до деветто одделение им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и он-лајн насилството, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи.

Учениците беа запознати како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого да ги споделат тие информации. Оваа едукативна кампања ќе биде реализирана и во другите школски центри на подрачјето на СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука