Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Прва конференција за патна инфраструктура во Охрид: Искуства, предизивици и перспективи

Охрид, 2. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид денеска ќе биде домаќин на Првата конференција за патна инфраструктура, искуства, предизвици, перспективи.

Конференцијата е во организација на Здружението за градежништво, индустрија за градежни материјали и неметали при македонската Стопанска комора, во соработка со Министерство за транспорт и врски и ЈП за државни патишта.

На отворањето на конференцијата, како што е најавено од организаторите, ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми и претседателот на Стопанската комора на Република Македонија Бранко Азески. (Крај)

извор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука